Човештвото расте и созрева побрзо: Истражувањата велат-постои еден мозочен рецептор кој е одговорен за тоа

5 mins read

Научниците сметаат дека брзиот раст и се пораното влегување во пубертет кај луѓето може да се објасни преку еден сензор во мозокот, пренесува BBC.

Во текот на 20ти век, просечната висина во Велика Британија се зголемила за 10 см, а во некои земји дури и до 20 см. Научниците велат дека со добрата исхрана и редовното прегледување на здравствената состојба, човештвото има тенденција да расте и созрева побрзо.

Во Јужна Кореја, висината на возрасните е зголемена со самиот фактор дека земјата од најголема сиромаштија се трансформираше во развиена држава. Но, и делови од јужна Азија и Африка се со повисоки луѓе во споредба пред 100 години.

Зголемена репродукција

Сигналите од храната допираат до делот од мозокот кој се вика хипоталамус и му „зборува“ за нутритивните вредности и поттикнува раст.

На оваа тема е направено истражување кое го водеа истражувачи од Универзитетот Кембриџ, во соработка со тимови од Универзитетот Queen Mary во Лондон, како и универзитетите во Бристол, Мичиген и Вандербилит. Истражувањето е објавено во списанието „Nature“ и го открива мозочниот рецептор заслужен за напредок во развојот.

Мозочниот рецептор е наречен MC3R и претставува клучна врска помеѓу исхраната, внатрешниот развој и раст.

„MC3R му порачува на телото дека нам ни е добро, дека имаме доста храна и дека треба што побрзо да пораснеме, влеземе во пубертет и да направиме што повеќе деца“ – рече професорот Стивен О’Рахили, од Универзитетот во Кембриџ, автор на истражувањето.

Научниците додадоа дека кај луѓето со низок раст, кои влегуваат подоцна во пубертет, мозочните рецептори не им работат исто како кај остатокот од популацијата.

Тим на научници го истражуваа генетскиот состав на половина милион волонтери кои се пријавиле на UK Biobank; база на генетски и здравствени податоци, како би ја потврдиле оваа хипотеза. Откриле дека децата кои имаат генетски мутации, се пониски и потешки од другите деца, што укажува на учинокот на мозочните рецептори во раната фаза од животот.

луѓе на плажа
EPA-EFE/DANIEL POCKETT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Во текот на истражувањето, тимот пронашол и личност која имала мутација во двете копии од генот за MC3R, што е исклучително ретко и штетно за поединците. Личноста била особено ниска по раст и влегла во пубертет по 20тата година.

Важноста за создавање лекови во иднина

За да го потврди ова истражување, истражувачкиот тим ги проучувал и глувците со цел да ги потврди истите процеси како кај луѓето.

Истакнале дека откритието може да им помогне на децата со сериозно доцнење во развојот и пубертетот, а и за оние кои поради хронични болести стануваат послаби и им треба одново градење на мускулите.

„Идните студии би требало да ги истражат и лековите кои селективно би го активирале овој ген, помагајќи му да ги пренасочи калориите во мускулните ткива, со цел да се подобри физичката функционалност на пациентот“ – истакна професорот.

Дали луѓето ќе растат уште повеќе?

Постои горна граница на висината и стигнува до мигот кога луѓето го остваруваат својот генетски потенцијал.

Како што е од претходно истакнато, фактите за здравје и исхрана имаат големо влијание на развојот на личноста. Повисоките луѓе општо земено живеат подолго и помала е веројатноста дека ќе имаат срцеви болести, а според BBC имаат и поголема шанса за финансиска стабилност.

Кога децата од сиромашни семејства добиваат доволно храна и калории, можат да пораснат до висината која ја наследуваат од своите родители  и баба/дедо, но не повеќе од тоа.

За порастот на просечна висина во развиените земји, раст бележи Јужна Кореја и Иран, посебно кај женската популација. Сепак, податоците во последната деценија укажуваат дека луѓето не растат со интензитет како порано.

Во мигов, највисоки мажи на светот се родени во Холандија (просек, 182 см), а најниски се жените родени во Гватемала (просек 140 см).

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопје ќе го изнедри новиот лидер на СДСМ: Петре Шилегов и Гордан Георгиев влегуваат во игра?

Следно

Британско основно училиште бара од момчињата да носат сукњи: „Да покажеме еднаквост“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian