Чави: Враќањето во Барселона би било спектакуларно

2 mins read

Легендарниот капитен на Барселона, Чави Ернандез се надева дека ќе се врати „дома“ и ќе седне на клупата на Барселона во најскоро време.
Чави е првиот избор на управата на Барселона да го наследи Роналд Куман кој пред десетина дена доби отказ, но проблем претставува податокот дека Шпанецот е под договор со Ал-Сад до 2023 година.
Чави најголем дел од кариерата го помина во Барселона, а од 2015 година е член на катарскиот Ал-Сад каде до 2019 година беше играч, а во последните две години е тренер.

– Двата клуба започнаа преговори. Посакувам да се вратам дома, но како исто така го почитувам Ал-Сад и затоа двата клуба мора да се договорат. Да се вратам во Барселона и тоа како тренер би било спектакуларно. Возбуден сум и се надевам дека наскоро ќе се реши се – изјави Чави по ремито од 3:3 на неговиот Ал-Сад против Ал Духаил.

Чави вели дека има „мала откупна клаузула“ во неговиот договор со Ал-Сад која изнесува околу 5.8 милиони долари, но не потврди ниту демантира дека за Барселона таа изнесува симболични милион долари.

– Размислувам позитивно во поглед на прегооворите на двата клуба. Сметам дека станува збор за часови, можеби денови. Тие знаат што мислам јас за враќањето во Барселона и се надевам дека се ќе се реши позитивно – додава Чави.

Во текот на вчерашниот ден, потпретседателите на Барселона, Рафа Јусте и Матеу Алемани отпатуваа за Доха на завршни преговори со челниците на Ал-Сад, додека претседателот на каталонскиот тим Жоан Лапорта не отпатува со нив.

– Ја поздравуваме посетата на делегацијата на Барселона и го респектираме нивниот гест да дојдат на преговори во Доха. Позицијата на клубот е кристално јасна, ние сакаме да го задржиме Чави и не можеме да дозволиме да си замине во овој дел од сезоната – изјави претсеадтелот на Ал Сад, Турки Ал-Али.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Дувњак: Утре Стевчо Јакимовски треба да се јави во суд, а гласачите не ги знаат фактите за неговото кривично дело во Карпош

Следно

Во Белград започна состанок на регионалната иницијатива за соработка „Отворен Балкан“.

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian