Владимир Чуков: Русија стравува од американските воени бази во Бугарија и Романија

2 mins read

Нови американски бази во Бугарија и Романија, заедно со Истанбулскиот канал, би биле клучни за присуството на НАТО во Црното Море, што е сериозен притисок врз Русија на полуостровот Крим, изјави за радио Фокус бугарскиот професор Владимир Чуков, експерт за меѓународни односи, по повод изјавата на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров дека САД активно го туркаат Балканот кон конфронтирачка политика.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Чуков, Русија не сакала да прифати два историски датуми за Бугарија и Романија – 2004 и 2007 година, кога двете земји станаа членки на НАТО и ЕУ. Ако ја погледнеме политиката на Русија кон Блискиот Исток и Балканот, генезата ќе биде иста.

На Блискиот Исток отворено се работеше за поделба на територии, поделба на зони на влијание и директна воена интервенција, а бидејќи тоа не можеше да се случи на Балканот, желбата на Москва остана во оваа насока. Русија, според бугарскиот аналитичар, имала јасна тактичка визија за Блискиот Исток и за Балканот. На Блискиот Исток Москва имаше партнер во лицето на Турција. Истовремено, според Чуков, на Балканот, Москва има бастион – Србија, околу која пилотираат сите руски интереси во регионот, поврзани со Западен Балкан, Република Северна Македонија и Косово. Бугарија и Романија играат многу посебна улога за Русија не само како земји кои продолжуваат да наплаќаат како најлојални поранешни сателити, туку и како земји кои географски се најблиску до нивната Ахилова пета – полуостровот Крим, чувствителна тема и за Западот и за САД. Во развојот на настаните е вклучена и Турција, која е членка на НАТО, сојузник на САД, но и многу добар партнер на Русија. А Русија демонстрираше исклучително големо непријателство кон координативниот центар на НАТО во бугарскиот град Варна, потсетува аналитичарот.

Оние земји кои јасно ја кажаа својата проевропска желба да станат членки на НАТО неизбежно ќе се соочат со Србија и нејзиниот проруски национализам, додаде Чуков.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вицепремиерот Димитров на состанок на иницијативата „Отворен Балкан” во Белград

Следно

Дневен хороскоп за 3 ноември: Ве очекуваат невообичаени ситуации на деловното поле

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian