Верувам дека работата во Собранието ќе продолжи онака како што треба да продолжи. Во изминатиот период имавме случаи кога низа закони коишто значеа подобро утре на граѓаните и стандардот беа закочени врз база на волјата на опозициските пратеници коишто со низа процедурални излагања ја блокираа работата на комисиите оневозможија тие да дојдат на пленарна сесија и да бидат донесени, изјави за Утрински брифинг Дарко Каевски, пратеник од СДСМ.
-Моето уверување е дека во периодот кој што следи тие закони ќе се одблокираат. Во петок е закажана пленарна седница каде што ќе треба да се констатират оставките кои што преминуваат во градоначалници, вели Каевски.
-По завршувањето на изборите сите политички партии излегоа и дадоа поддршка на оваа Влада. Парламентараното мнозинство е стабилно и ќе продолжи да носи реформски политики, додаде Каевски.
Целиот разговор погледнете го видеото