Удар за Курти, Американците одбија да му дадат виза

1 min read

Премиерот на Косово и лидер на Самоопределување, Албин Курти, не доби виза за посета на САД, пренесува „Косово пост“.

Веста за негативен одговор на барањето за виза ја потврдија и соработниците на премиерот.

Според медиумите на албански јазик, на Курти му била одбиена визата од „најмоќната земја во светот, односно „ко-спонзорот“ на раѓањето и изградбата на како што велат тие „лажната држава Косово“.

„Косово пост“ наведува дека на Курти не му помага ниту големата поддршка на граѓаните на Косово да ги „отвори вратите на земјите во светот“, пренесе порталот „Косово онлајн“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Катарците со порака до Барса: Сега не можеме да дозволиме Чави да си замине

Следно

Семејствата на жртвите на несреќата со Коби Брајант ќе добијат по 2, 5 милиони долари отштета поради незаконски споделени фотографии

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian