Се реконструира улицата „Наум Охридски“ во населба Црниче

1 min read

Започна реконструкцијата на улицата „Наум Охридски“ во населба Црниче. Ќе биде целосно асфалтирана, а ќе добие и нов тротоар и осветлување, информираат од Општина Кисела Вода.

Паралелно, на улицата се гради и нова атмосферска канализација, со што како што соопшти Општината граѓаните ќе добијат комплетно решение за проблемите предизвикани од уништениот асфалт и таложењето на атмосферските води по улицата.

-Носиме одржливо и целосно решение, градиме нова атмосферска канализација која конечно ќе го реши проблемот кој атмосферските води го создаваа за нашите сограѓани кои живеат под оваа улица. Улицата ја асфалтираме по целата нејзина должина, а истата ќе добие и нов тротоар и осветлување, истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Првото куче кое „обележа територија“ надвор од Земјата: 64 години по летот на Лајка

Следно

23 лица загинаа во Пакистан откако автобус падна во провалија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian