Се продлабочува билатералниот спор- Франција ја обвини Австралија за измама

1 min read

Францускиот амбасадор во Австралија Жан-Пјер Тебо обвини дека Австралија измамнички и ненадејно го откажала договорот вреден повеќе милијарди долари со Париз за купување на флота на подморници.

 

– Измамата беше намерна. Имајќи предвид дека тоа беше многу повеќе од набавка на подморници, бидејќи тоа беше заеднички договор за суверенитет, по што следеше пренос на многу доверливи податоци. Начинот на кој Австралија го направи тоа беше нож во грбот на Франција, нагласи Тебо на прес-конференција одржана во австралиската престолнина Канбера.

 

Австралија го откажа договорот со француската Навал групација во септември, одлучувајќи да изгради најмалку 12 подморници на нуклеарен погон во договор со САД и Велика Британија.

Подморница 1

Оваа одлука на австралиската влада предизвика голем билатерален спор, а Франција во знак на протест ги отповика своите амбасадори од Австралија и САД.

Тебо се врати во Канбера минатиот месец и првпат јавно проговори за билатералните односи .

Посетата на австралискиот премиер Скот Морисон во Париз во јуни 2021-ва година / Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

 

Францускиот претседател Емануел Макрон во неделата изјави дека австралискиот премиер Скот Морисон го лажел за намерите на Канбера, обвинување кое беше отфрлено од австралискиот премиер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Четири симптоми на остеопороза, некои никогаш не би ги поврзале со болеста

Следно

СПМ бара покачување на платите во полицијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian