САД почнува со вакцинирање против ковид-19 на деца на возраст од пет до 11 години

1 min read

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) препорача вакцинирање деца на возраст од пет до 11 години со вакцината „Фајзер/Бионтек“ против ковид-19, откако американската Агенција за лекови ја одобри вакцината за таа возрасна група кон крајот на минатата недела.

На тој начин 28 милиони деца на таа возраст во САД ќе имаат право да ја примат таа вакцина.

Препораката неодамна беше одобрена од Американската агенција за лекови (ФДА), додека препораката на Центрите за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) донесена синоќа е последниот чекор за започнување на нова фаза од кампањата за вакцинација на децата.

Децата ќе ја примаат вакцината во две дози како возрасни, но по 10 микрограми по инекција, додека за возрасните е 30 микрограми.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На денешен ден – 3 ноември

Следно

Вицепремиерот Димитров на состанок на иницијативата „Отворен Балкан” во Белград

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian