Протести во Киев против сертификатот за вакцинација

1 min read

Повеќе од илјада луѓе блокираа неколку улици во центарот на Киев, протестирајќи против сертификатите за вакцинација и рестриктивните мерки против коронавирусот.

Демонстрантите, претежно жени и помлади, немаа маски и носеа пароли на кои пишуваше „Не за ковид пасоши”.

Тие се собраа пред зградата на Собранието во знак на протест против одлуката дека наставниците, владините функционери и другите работници мора да бидат целосно вакцинирани до 8 ноември или ќе останат без плата.

Исто така, патниците во воздушниот, железничкиот и меѓуградскиот сообраќај мора да достават задолжителен доказ за вакцинација или негативен тест за ковид. Мерките се воведени поради рекордниот број новозаразени и смртни случаи што Украина ги регистрира последните денови.

Украинците имаат на располагање три вакцини – „Модерна”, „АстраЗенека” и „Синовак”, но само 17,1 отсто од 41 милион жители се вакцинирани.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Интервју со Маја Саздановска: Гласот од „Светот на бајките“, сега е дел од МОБ и прв придружен вокал на Калиопи

Следно

Советот на амбасадори е против предвремени избори: Партиите да ги зајакнуваат институциите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian