Преговорите за иранскиот нуклеарен договор ќе продолжат на 29 ноември во Виена

1 min read

Преговорите за спас на иранскиот нуклеарен договор со светските сили ќе продолжат на 29 ноември во Виена, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Состанокот на мешовитата комисија ќе се одржи во физички формат на 29 ноември во Виена, се наведува во соопштението.

Со заедничката комисија во име на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, ќе претседава заменик генералниот секретар на ЕЕАС и политички директор Енрике Мора.

На состанокот ќе присуствуваат претставници на Кина, Франција, Германија, Русија, САД и Иран.

Учесниците ќе продолжат со дискусиите за изгледите за можното враќање на САД во договорот и како да се обезбеди дека сите страни да спроведат целосна и ефективна примена на договорот.

Преговорите за можно спасување на договорот потпишан со светските сили во 2015 година се во застој од јуни. Во 2018 година, поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги повлече САД од договорот и воведе санкции кон Иран, додека Иран, како одговор, почна да ги занемарува своите обврски од договорот.

Американскиот Стејт департмент ја поздрави најавата за продолжување на преговорите и потврди дека во нив ќе учествува американскиот претставник за Иран, Роб Мали.

Стејт департментот соопшти дека компромисот за спасување на договорот е можен брзо со продолжување на преговорите, под услов Иран да биде „сериозен” во своите намери.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Инспиративна мисла на денот: За да победи доброто…

Следно

Откако ја нарекуваа тикварка, Петровска послужи тикварник на отворањето на Офицерскиот дом во Битола

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian