„Полесен“ патот на Ѓоковиќ до завршницата, елиминирани двајца фаворити во Париз

1 min read

Пабло Карењо Буста кој важеше за фаворит од сенка изненадувачки е поразена од Уго Гастон на Мастерс турнирот во Париз со резултат 2:1 во сетови 6:7 (3), 6:4 и 7:5.

Елиминација доживеа уште едно познато име во тенискиот свет, петтиот носител на турнирот Андреј Рубљов кој беше совладан од Тејлор Фриц со 7:5, 7:6 (2).

На тој начин Американецот го „олесни“ патот на првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ на патот до трофејот.

Фриц во третото коло во Париз ќе игра со победникот од мечот помеѓу Камерон Нори и Рејли Опелка.

Се одиграа уште два меча, Џејмс Дакворт со 6:3, 3:6 и 6:3 го елиминираше Италијанецот Лоренцо Мусети, а Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим со 0:2 беше поразен од Доминик Кепфер од Германија.

Ѓоковиќ со доста мака го победи Фучович во првиот меч по поразот во финалето на УС Опен

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Николоски: Заев не дојде на судење со мене, повторно избега

Следно

ЕРТ: За 300 евра бугарски сертификати за вакцинација за невакцинирани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian