Милевски: Главна цел ни е победа против Ерменија, на Етеми останува дали ќе се наметне

2 mins read

Македонската А репрезентација ја очекуваат уште две средби во квалификациите за Светското првенство, важни бидејќи и натаму остануваме во игра за второто место кое води во баражот.

Противници ни се Ерменија и Исланд, селекторот на сениорите Благоја Милевски го објави списокот од 24 фудбалери чекајќи ја својата шанса за настап во Ереван и Скопје.

Дебитант во составот е Ваљон Етеми кој според стратегот на „црвено-жолтите“ се наоѓа во одлична форма во неговиот клуб од Турција, Истанбулспор.

– Тој сега игра во Истанбулспор, се наоѓа во одлична форма, со полна минутажа, има потенцијал, добро е за нас да ја засили конкуренцијата на крилните позиции. На него останува дали ќе се наметне. Ова е процес на создавање на тим за квалификации за ЕП сето тоа што го работиме – изјави Милевски.

На листата повредени играчи се наоѓаат Аријан Адеми, Бобан Николов, хируршки зафат на менискусот на коленото имаше голманот Дејан Илиев, а поради слаба минутажа во швајцарската екипа Грасхоперс не е повикан Никола Ѓорѓев.

– За жал и сега се соочуваме со повреди, како и во септември ги немавме Адеми и Николов, сега повторно без нив. Неизвесни беа Спировски и Костадинов, но за нив имаме јасна слика, тие се во ред. Ќе недостасува и Дени Илиев имаше хируршки зафат на менискусот на коленото. Сите останати во составот се исти, а Ѓорѓев не е повикан поради слабата минутажа во Швајцарија – вели Милевски.

Селекторот вели дека без разлика на квалитетот на противникот, главната цел е освојување на трите бода.

– Момците се спремни да се надигруваат, по можност да победиме, без разлика на противникот, одиме по трите бода. Важно е сите да се здрави, спремни и да одговорат на предизвикот. Ерменија ни е познат противник, одигравме во Скопје добар меч, тогаш имавме повеќе од играта, но не треба да се опуштиме, и тие се во егал за второто место. Но, мислам дека сме подготвени за предизвикот, главната цел е победа – се зборовите на македонскиот селектор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Следно

РАЗГОВОР | Павле Камилоски: Хемија или глума – испреплетена страст и љубовен занес меѓу Павле и моделот Бојана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian