Медведев закажа меч со Корда, познати осминафиналните двојки во Париз

1 min read

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во третото коло на Мастерс турнирот во Париз, Франција после победата над Илја Ивашка од Белорусија со резултат 7:5 и 6:4.

Противникот на Медведев во осминафиналето ќе биде Американецот Себастијан Корда кој со 6:2 и 6:4 го елиминираше Марин Чилиќ.

Во францускиот дуел Гаел Монфис со пресврт го елиминираше Адриан Манарино (2:6, 7:6, 6:2) и следен ривал за пласман во четвртфиналето ќе му биде првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ.

АТП Мастерс турнир – Париз 2021
Осминафинале, двојки –

Н. Ѓоковиќ – Г. Монфис
К. Нори – Т. Фриц

А. Попирин – Џ. Дакворт
Д. Кепфер – Х. Хуркач

К. Рууд – М. Гирон
Г. Димитров – А. Зверев

К. Алкараз – У. Гастон
С. Корда – Д. Медведев

Ѓоковиќ со доста мака го победи Фучович во првиот меч по поразот во финалето на УС Опен

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кина затвори ученици цела ноќ во училиште поради еден ковид позитивен вработен

Следно

На денешен ден – 4 ноември

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian