Македонскиот народен театар продолжува да освојува награди во регионот

1 min read

Македонскиот народен театар освои четири награди на театарскиот фестивал „Живи фест“ во Босна и Херцеговина за претставата „Нема да биде крај на светот“ од авторот Аднан Лугониќ, во режија на Нина Николиќ. Со едногласната одлука на жирито во состав: Владо Керошевиќ – актер, Љиљана Чекиќ – актерка и Алмир Башовиќ – драмски писател, претставата ги освои: специјалната награда за режија доделена на Нина Николиќ, наградата за најдобра актерка што ја доби Дарја Ризова, наградата за најдобар актер за Саша Ханџиќ и специјалната награда за актерска игра ја освои Џана Џаниќ.

„Нема да биде крај на светот“ првата премиерна изведба ја имаше на 18 септември во Сараевски ратни театар (САРТР), Сараево, а скопската премиера во Македонскиот народен театар се очекува кон крајот на ноември. Претставата е во продукција на Перипетија продукција од Скопје во копродукција со Македонскиот народен театар и Сараевскиот ратни театар (САРТР).

http://kultura.gov.mk/

Претходно

Пипен удри по Летечкиот Мајкл: Џордан со „Последниот танц“ сакаше да покаже дека е поголем од животот и е подобар од Леброн Џејмс 

Следно

На денешен ден – 3 ноември

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian