Изложба на 53. Светска галерија на карикатури – Скопје 2021  

1 min read

Во галеријата „Остен“ денеска (3 ноември) во 19:00 часот ќе биде отворена 53. Светска галерија на карикатури, на која ќе бидат изложени 32 карикатури од номинираните и наградени карикатуристи во рамките на проектот „ЕУ – Работа во тек“ организиран во партнерство со Гете-институтот од Скопје.

Во рамките на проектот ќе се одржи и работилница за млади карикатуристи од регионот, а предавач е Лук Десхимакер од Белгија, додека, пак,  в четврток во ЕУ-инфоцентарот во Скопје ќе се одржи и панел-дискусија на тема „Надежи и стравови за пристап до ЕУ – преку острото око на карикатуристот“.

Настаните ќе се реализираат со почитување на сите протоколи за организирање јавен настан.

http://kultura.gov.mk/

Претходно

Како беше произведен звукот на песочниот црв во „Dune“?

Следно

Сообраќајка на локалниот пат Скопје-Арачиново

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian