Граѓаните се жалат: Со оџаците на Пејпер мил нема да има здрав живот во Кочани

1 min read

Фабриката за производство на хартија „Пејпер мил“ од Кочани не престанува да чади. Жителите на Кочани и околината, очигледно попусто се жалат споделувајќи на социјалните мрежи содржини за квалитетот на воздухот во Кочанскиот регион.

Оџаците на „Пејпер мил“ и денеска не престанаа да загадуваат, како што може да се види од видеото објавено на Фејсбук групата „За здрав живот во Кочани“.

Како што веќе објави „Слободен печат“. Обвинителството од Кочани претходно ја одби кривичната пријава против „Пејпер мил“ за загадување, без оглед на фактот што вонредните мерења на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) покажаа пречекорување на вредностите на емисиите од фабричкиот оџак.

Директорот на ДИЖС, Сретен Стојковски минатата недела за „Слободен печат“ рече дека фабриката по хаваријата на оџаците се префрлила на водени филтри кои очиледно не си ја вршат работата. 

По местењето на овие филтри, бугарска акредитирана лабораторија направила анализи и директорот на ДИЖС минатата недела најави дека наскоро ќе има резултати оттаму. Но, резултати сѐ уште нема.

Видео: За здрав живот во Кочани

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Директорот на ЦИА на состанок во Москва

Следно

Дибиров: Многу сме разочарани, но не сме во криза

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian