Голема трагедија: Почина млад хокеар кој колабираше за време на натпревар

2 mins read

Словачка е шокирана од веста дека Борис Садецки, 24-годишен хокеар на Братислава Капиталс, починал во болница во средата.

Садецки колабираше пред неколку дена на мечот на словачкиот клуб против Дорнбирн во ИЦЕХЛ лигата.

– Со тага во срцето и жалење ја објавуваме смртта на нашиот играч Борис Садецки. Изразуваме длабоко сочувство до семејството и пријателите. Во овој момент нема да објавуваме повеќе информации по консултациите со семејството на Борис – објави клубот на социјалните мрежи.

Натпреварот од 14 коло меѓу Дорбирн и Братислава, кој се одигра на 29 октомври, беше прекинат со резултат 1:0 за домашните на почетокот на вториот период, откако Садецки ненадејно колабираше.

На мразот веднаш му била дадена брза помош, а потоа го пренеле во болница од каде подолго време немало информации за неговата здравствена состојба.

Директорот на клубот Душан Пашек тогаш објави дека состојбата на Садецки е стабилна, но тешка, а денеска младиот хокеар почина.

Садецки беше роден на 20 април 1997 година во Тренчин, каде долги години настапуваше за Дукла, а потоа и за Слован Братислава.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

568 нови случаи, 12 пациенти починале од ковид-19 во изминатиот ден

Следно

ВИДЕО | Вучиќ ја посети белградската кула со Кривокапиќ и Рама: Добредојдовте драги пријатели

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian