ФОТО | Прегрнати и вљубени: Нова фотографија на Петар Грашо и Хана Хуљиќ насмеани од уво до уво

1 min read

На Инстаграм се појави нова заедничка фотографија на Петар Грашо и Хана Хуљиќ.

На фан-страната на хрватскиот пејач Петар Грашо беше споделена црно-бела фотографија на пејачот и Хана позираат прегрнати и насмеани.

„Љубов“, гласи описот на објавата, која собра над илјада лајкови.

„Совршена двојка“, „Насмевката кажува сè“, „Убава двојка“, „Душо“, „Со среќа“, се само дел од коментарите на воодушевените следбеници.

Но, имало и такви кои не ја одобруваат новата врска на Грашо, алудирајќи на раскинувањето на неговата долгогодишна врска со пејачката Даниела Мартиновиќ.

ФОТО | Данијела е минато: Петар Грашо има нова љубов, во врска е со ќерката на Тончи Хуљиќ

Потсетуваме, Даниела Мартиновиќ и Петар Грашо раскинаа годинава по 24 години врска. Романсата на пејачот со Хана наводно, трае веќе извесно време, а нивната врска е благословена од нејзините родители.

Со недели се провлекуваат вести низ медиумите за новопечената двојка, но и за наводните реакции на Даниела.

ФОТО | Откако Петар Грашо е официјално со новата девојка, Данијела Мартиновиќ го избриша од својот инстаграм-профил

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го крши Уставот и во Кисела Вода, нашите советници ја напуштија седницата

Следно

Конституиран новиот Совет на општина Кисела Вода

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian