Дневен хороскоп за 3 ноември: Ве очекуваат невообичаени ситуации на деловното поле

4 mins read

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 3 ноември, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска.

Овен

Не смеете да чекате премногу долго да преземете иницијатива и да го најавите разговорот со надредените. Честите промени на расположението создаваат дополнителна нервоза во односот со љубовниот партнер. Не сте сигурни што сакате. Премногу сте строги и немате разбирање за туѓите слабости.

Бик

Сакате секогаш да бидете во центар на вниманието и не се задоволувате со споредни улоги. Можен е почеток на нова врска со лице кое се занимава со уметност. Ако сте во врска, изгледа дека не умеете да го изберете вистинскиот момент за на својот партнер да му соопштите некои важни одлуки. Бидете повнимателни.

Близнаци

Во љубовта следува прекин на емотивните врски исполнети со расправии. Денот ќе биде особено тежок и тензичен за машките припадници на овој знак. Со неколку добри потези, денес можете да ги решите деловните проблеми. Многу е важно да бидете потемелни и да не реагирате пребрзо. Бројте до 10.

Рак

Сакате да го изненадите саканото лице на некој несекојдневен начин. Сè може да кулминира со одлука од која се плашите. Вие сте во незавидна позиција, не сакате да одите понатаму, но не би сакале ниту да раскинете. Чекате поволен момент да го претставите предлогот пред луѓето кои се одговорни за тоа.

Лав

Сè уште не знаете зошто пропуштивте деловна понуда. Во врска со ова, ве чека разговор во кој нема да ви биде пријатно. Ако сте подготвени да критикувате и да понудите логично оправдување, сепак, ќе ја добиете работата. Во љубовта вашата љубомора и сомнежите ви го расипуваат односот со партнерот.

Девица

Ве очекуваат невообичаени ситуации на деловното поле. Обидете се да останете ладнокрвни и трезвени. Некои проблеми потребно е малку да „одлежат“ пред да им го најдете решението. Не донесувате добри заклучоци бидејќи избрзувате. Ве привлекува идејата за нова деловна соработка и нови професионални можности.

Вага

Размислувате за повластиците и друштвениот престиж кој би можел да ви го донесе новиот ангажман. Соработниците со полна доверба ви ја препуштаат водечката улога.  Постојано сакате да му приредувате романтични изненадувања на партнерот. Во овој период ќе бидете емотивно расположени.

Скорпија

Ќе имате ненадејни средби кои можат да ја нарушат вашата рамнотежа во љубовниот живот. Одлично се чувствувате и имате многу амбициозни деловни планови. Со одредена доза на мудрост и со добро смислени потези, лесно ќе ги остварите деловните намери. Не криете дека имате високи барања во секој поглед.

Стрелец

Во моментов не сте во можност јасно да ги согледате потребите на партнерот ниту неговите размислувања. Комплиментите кои ги добивате од некој од страна, ве наведуваат на погрешни очекувања, но и проблеми во љубовниот живот, бидејќи секој ваш погрешен чекор ќе биде откриен. Средете си ги мислите и односот со партнерот.

Јарец

Денес енергично ќе ги браните вашите деловни цели и интереси, но немате доволно трпеливост да им се посветите на деталните анализирања на ситуацијата. Ги разгледувате различните можности во деловните преговори. Важно е рационално да ги користите енергијата и времето.

Водолија

Иако вашиот љубовен живот не е премногу идиличен, тоа нема да ви пречи да уживате во дружењето и излегувањето. Ако смислено играте на картата за емотивен ризик, смислете и некоја резервна варијанта. Искористете некои свои сокриени адути во друштво на саканото лице. Ќе профитирате од тоа.

Риби

Ќе се соочите со проблеми за кои нема да бидете во можност веднаш да најдете решение. Не очајувајте, побарајте совет од најдобриот колега или можеби од надредениот. Проектот кој доцни конечно ќе биде реализиран. Во љубовниот живот главно се движите според своите емотивни импулси и потреби.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Владимир Чуков: Русија стравува од американските воени бази во Бугарија и Романија

Следно

Поранешен полицаец и поборник против расната дискриминација: Ерик Адамс е новиот градоначалник на Њујорк

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian