Близу 7.000 нови случаи на ковид во Србија, животот го загуби 61 пациент

1 min read

Коронавирусот во Србија во последните 24 часа е потврден кај 6.726 лица, а истовремено како последица на овој вирус починал 61 пациент.

Тестирани се 24.149 лица, а на респиратор се приклучени 279 пациенти.

Бројот на хоспитализирани е 6.770 пациенти.

И Грцијаа бележи рекордно високи бројки по новозаразени од коронавирус, а вчера беа регистрирани 6.700 случаи, што е најголема бројка од почетокот на пандемијата.

Состојбата со коронавирусот во Бугарија им задава вистинска главоболка на властите. Вчера, медиумите објавија дека само две области во целата држава не биле класифицирани како „темно-црвена зона“, со стапка на инфекција над 500 инфекции на 100.000 луѓе. Оваа држава го собори рекордот по бројот на починати од коронавирусот. Во последните 24 часа починале 310 лица, а 6.007 биле позитивни, од речиси 50.000 тестирани.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милевски: Заев деновиве ќе ја достави оставката во Собранието, за десетина дена ќе има нова влада

Следно

Хероина на нашето секојдневие: Охриѓанката Весна Миленкоска готви и подарува – топол оброк на оние кои немаат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian