За Хрватите Ангеловски е најголем „аутсајдер“ за нов тренер на Хајдук

1 min read

Беше објавено дека поранешниот селектор на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски се поврзува со клупата на хрватскиот клуб Хајдук.

По завршувањето на Европското првенство Ангеловски се шпекулираше дека би можел да ја продолжи тренерската кариера во Италија, Турција, а сега и Хрватска.

Хрватите направија анкета со неколку опции меѓу кои и нашиот стратег со прашање за фановите кој има најголеми шанси да биде нов тренер на Хајдук.

Оваа информација ја објавија и Словенците, со причина бидејќи нивниот тренер Матјаж Кек според таа анкета е најблиску до клупата од Сплит, вкупно 45%.

За некој дека некој од Хрватска треба да го води Хајдук гласаа 24% од фановите, потоа 22% Литванецот Валдас Дамбраускас, некој друг од странство 5%, а најмалку шанси му се дава на Ангеловски 4%.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Проф. Давитковски: Заев ќе опстои на одлуката да се повлече од премиерската и лидерска позиција – голема коалиција е можно решение за премостување на блокадата

Следно

Катимерини: Оставката на Заев е јасна порака за Грција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian