За дербито помеѓу МЗТ и Работнички влезот ќе биде слободен

1 min read

Време е за кошаркарско дерби, време е за враќање во сала, време е „Јане Сандански“ во Скопје да заличи на не така дамнешните времиња..

Утрешната пресметка помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички (18.30 часот) во Првата лига е идеална можност за сите спортски вљубеници да дојдат.

Аеродромскиот клуб објави дека овој меч ќе биде слободен за сите љубители на кошарката:

– Помошта секогаш ни е потребна, а победата секогаш е послатка кога од трибините доаѓа енергија од позитивни лица во чии вени тече сино-бела крв. А, никогаш нема поубава прослава од таа со пеење песни со хор од стотици, па, зошто да не, и илјадници навивачи, кои потоа со полни срца ќе си заминат дома.

Затоа, ако сакате утрешната вечер да ја минете меѓу своите најблиски, навивајќи за љубовта од детството, тогаш дојдете во „Јане Сандански“, каде што секогаш сте добредојдени.

Вратите ќе бидат отворени, а влезот слободен, секако со запазување на задолжителните протоколи како носење потврда за целосна имунизација или, пак, за прележаност на ковид-19 во последните 45 дена – соопштија од КК МЗТ Скопје Аеродром.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пановски: Скринингот во училиштата нема никаква логика, брзите тестови не детектираат асимптоматски случаи

Следно

Нов проект на Ѓорѓиевски, детско игралиште на место на депонија во Драчево

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian