Вучиќ од Глазгов: Никој не сака рудници за литиум, а сакаат електрични автомобили

2 mins read

За да го зголемите производството на електрична енергија за неколку стотици мегавати, треба да вложите два милиони евра, вели претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Самитот за климатски промени COP26 во Глазгов, пренесува Блиц.рс.

„Има многу прашања кои се контрадикторни, но важно е да се бориме и да треба да ги изградиме капацитетите на обновливите извори на енергија“ посочи тој.

Како што рече, влијанието на Србија врз климатските промени е „толку мало, незначително“.

„Тоа се големи земји. Имаме над 65 проценти зависност од јаглен. Да немавме немаше да имаме ни струја. Ќе излеземе од аголот, но полека“ изјави тој.

Како што изјави, „убаво е да се раскажуваат бајки, луѓето сакаат да го слушаат тоа, никој не сака рудници за литиум, а сакаат електрични автомобили“.

Вучиќ имаше прашања за големите сили

Вучиќ истакна дека целта е да се прилагодат емисиите на јаглерод диоксид до 2050 година преку создавање на нови индустрии.

Зелениот план во голема мера е поврзан со економската стабилност на Србија, кажа Вучиќ, наведувајќи дека Србија ќе издаде зелени обврзници кои ќе и служат на циркуларната економија.

„Тие напишаа одличен говор за мене, но имам неколку прашања на кои големите сили се уште немаат одговорено. Како ќе ги финансираме сите овие активности“ праша тој.

Слушнавме приказни за трилиони долари кои ќе бидат достапни, но каква ќе биде каматната стапка, како ќе им пристапиме на тие средства, праша Вучиќ.

„Како ќе пристапиме за нуклеарните централи, ќе ги намалиме или зголемиме ? Како ќе изградиме обновливи извори на енергија ако се зајакнат популистичките движења против ветерниците. Како ќе ги третираме цените на природниот гас, кој е во рацете на големите сили“ посочи Вучиќ.

ВИДЕО | Андоновиќ: Самит за климата во Глазгов – Драматични пораки за иднината на планетата и политка на форма без суштина

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дали ВМРО-ДПМНЕ на мала врата го „проголта” Преспанскиот договор?

Следно

ФОТО | Инспирација или копија, случајност или не: Дизајнерот Тјери Муглер со дизајн како нашиот Христијан Младеновски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian