ВИДЕО: Роналдо го спаси Јунајтед од пораз, Фати и донесе победа на Барселона

2 mins read

Кристијано Роналдо уште еднаш оваа сезона се покажа како херој на Манчестер јунајтед, откако со двата гола го спаси својот тим од пораз против Аталанта во четвртото коло во Лигата на шампионите.

Натпреварот заврши 2:2, а Португалецот ги постигна двата гола за својот, од кои вториот го даде во 91 минута.

Аталанта поведе во 12 минута со голот на Јосип Иличиќ, но Роналдо во последните моменти од првиот дел успеа да го израмни резултатот.

Италијанскиот тим повторно поведе во второто полувреме преку Запата во 56 минута. Од тој момент играчите на Јунајтед тргнаа офанзивно, но не успеваа да најдат начин да постигнат гол, се до 91 минута кога Роналдо повторно го совлада Мусо и го спаси својот тим од пораз.


Барселона и во вториот натпревар против Динамо Киев славеше со минимални 1:0. Човек на одлука на Барселона на натпреварот кој се играше во Украина беше Ансу Фати кој во 70 минута го постигна единствениот гол на натпреварот.


Јувентус иако се мачи во Серија А, во ЛШ има максимален ефект, четири победи во четири натпревари. „Старата дама“ со 4:2 го совлада рускиот шампион Зенит, а максималниот ефект го задржа и Баерн Минхен кој со 5:2 ја совлада Бенфика.

Резултати:
Група Е
Баерн – Бенфика 5:2
Динамо Киев – Барселона 0:1
Табела: Баерн 12, Барселона 6, Бенфика 4, Динамо Киев 1.

Група Ф
Аталанта – Манчестер јун. 2:2
Виљареал – Јанг Бојс 2:0
Табела: Манчестер Јун. 7, Виљареал 7, Аталанта 5, Јанг Бојс 3.

Група Г
Волфсбург – Салцбург 2:1
Севиља – Лил 1:2
Табела: Салцбург 7, Волфсбург 5, Лил 5,Севиља 3.

Група Х
Малме – Челси 0:1
Јувентус – Зенит 4:2
Табела: Јувентус 12, Челси 9, Зенит 3, Малме 0.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Касами: Заев не ни кажа дека ќе поднесе оставка, Владата има легитимитет и треба да продолжи

Следно

Бебе старо 23 дена почина на клиниката за инфективни болести во Загреб

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian