ВИДЕО | Проф. Давитковски: Заев ќе опстои на одлуката да се повлече од премиерската и лидерска позиција – голема коалиција е можно решение за премостување на блокадата

2 mins read

Изборно цунами во Македонија и тектонски потреси по највата на Заев за неговото повлекување, анализа со проф. Д-р Борче Давитковски во денешен Утрински брифинг.

-Процедурите со оставката на Заев ќе потраат барем еден месец. Дотогаш функционира старата влада се до формирањето на нова. Мицкоски си има агенда како да ја собори власта како без избори да дојде на власт и тоа е легитимно, објаснува проф. Давитковски.

-Проблемот е што ова за прв пат го гледаме во Македонија да се даде оставка и од премиерска и од партиска функција и многу субјекти се затечени од оваа постапка. Претпоставувам дека со ова паѓа и Извршниот одбор па и тој ќе мора да се собере по однос на ова прашање. Ќе мора под итно да работи капацитетно да не ни се случи економска криза, здравствена криза, а паралелно да го решава и прашањето со Бугарија но и да ги одржува надворешно политичките односи, коментира Давитковски за Утрински брифинг.

-Доколку политичките партнери останат на безрезервната поддршка за 15 дена може да се најде замена на Заев. Во овие услови можеби е време да се направи некоја техничка влада да ги преземе жешките костени и евентуално доколку во декември се отворат преговори за Македонија, вели Давитковски.

-Ако се паметни лидерите на политичките партии во земјава и го земат примерот на Германија каде во интерес на граѓаните две партии се споија и владееја заедно, добро би било и за нас да се изодат сите овие горливи прашања, а потоа може да се оди на избори. Во моментов предвремени избори се лоши и за демократијата и за стопанството и за сѐ е лошо, за Утрински брифинг изјави проф. д-р. Борче Давитковски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИРАЛНО ВИДЕО: Џо Бајден повторно фатен како спие, овојпат на самитот за климатските промени

Следно

За Хрватите Ангеловски е најголем „аутсајдер“ за нов тренер на Хајдук

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian