Денеска со жрепка беа формирани четвртфиналните двојки во Купот на Македонија, актуелниот бранител на трофејот Силекс ќе ги одмери силите против Брегалница од Штип.
Уште еден второлигаш Вардар ќе се соочи против битолски Пелистер, а Шкендија за противник ја има екипата на Струга Трим Љум.
Пласман во полуфиналната фаза од натпреварувањето ќе бркаат уште тимовите на Македонија ЃП и Шкупи.
Шкупи во најсилниот шампионат е моментно водечки, додека ѓорчепетровци се на деветтата позиција со 15 бодови помалку зад клубот од Чаир.
Мечевите од четвртфиналето ќе се играат на 24 ноември 2021 година со почеток од 13.00 часот.
Куп на Македонија 2021/2022
Четвртфинале, двојки –
Пелистер – Вардар
Силекс – Брегалница
Шкендија – Струга Трим Љум
Македонија ЃП – Шкупи