Селмани: Изборите не беа слободни, луѓе беа заплашувани во Тетово, Гостивар и Чаир

1 min read

Новинарот Насер Селмани во вечерашното гостување на ТВ24 изјави дека локалните избори во некои средини во државата воопшто не биле слободни, бидејќи била мобилизирана комплетната полиција и биле заплашувани луѓе.

„Тоа што се случи во Тетово, во Гостивар, во Чаир, тоа може да биде сѐ, но не и слободни избори. Да мобилизирате вие полиција, редовна полиција, началници, командири на полиција, да бидете вклучени во заплашување на луѓе, тоа никако не можат да бидат слободни и демократски избори“, рече Селмани.

Селмани рече дека во државава нема изграден систем преку кој тие луѓе ќе бидат процесуирани.

„Не може командир на полициска станица да седи цел ден во партиски штаб. Злоупотреба на полиција што ние ја плаќаме за да нѐ заштити, не може да помине во оваа држава“, рече Селмани, кој додаде дека токму поради тоа, кандидатите на опозицијата победиле на тие места, спомнувајќи го Арбен Таравари и неговата победа со 6.000 гласа разлика во вториот круг „со гласовите на Албанците и на Македонците“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Словенечките епидемиолози предлагаат воведување на 10-дневен локдаун во земјата

Следно

Контроверзна изјава на Беноа Пер: Гајле ми е за невакцинираните тенисери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian