Потег на почит, Лука Модриќ сподели објава на Барселона и воодушеви со пораката

2 mins read

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација и член на Реал Мадрид, Лука Модриќ во последно време е активен на социјалните мрежи, а со последната објава на Твитер ги освои симпатиите на сите фудбалски фанови.

Модриќ прво и се јави на 80-годишната Елвира кога е голем фан на Хрватот кој потоа и испрати потпишан дрес и имаше специјална видео порака за неа.

Последната објава беше поврзана со фудбалерот на најголемиот конкурент, Серхио Агуеро кој на првиот натпревар за Барселона што го започна од првата минута, заврши во болница.

Имено, Агуеро на натпреварот против Алавес се пожали на болки во градите и на вртоглавица по што веднаш беше однесен во болница на детални испитувања.

Барселона вчера се огласи и соопшти дека Агуеро во наредните три месеци ќе биде надвор од тимот.
„Серхио Агуеро нема да биде во тимот во наредните три месеци. Тој период Агуеро ќе го помине во рехабилитација која потоа ќе покаже кога ќе може да се врати на терените“, објави Барселона.

Токму оваа објава на каталонскиот тим ја сподели и Модриќ кој притоа му порача на Аргентинецот:
Главата горе Кун. Ти посакувам брзо опоравување. Прегратки“.

Не се гледа често еден од клучните фудбалери на Реал Мадрид да споделува објава на Барселона, барем не во позитивна конотација и токму поради овој потег, Лука Модриќ ги воодушеви фудбалските фанови во Шпанија но и во целиот свет.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сите советници во Аеродром потпишале свечена изјава со „Република Македонија“, таков бил законот

Следно

ФОТО+РЕЦЕПТИ | Старински рецепти од баба Анче од Америка: Аница ја промовира македонската кујна во светот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian