Османи: Ако падне Владата, нема надеж за датум од ЕУ за време на словенечкото претседателство

1 min read

Владата најави интензивирање на преговорите со Бугарија по изборите во двете земји, но најавената оставка на премиерот Зоран Заев ја усложнува ситуацијата, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Властите се надеваа на позитивен епилог две недели по изборите на 14-ти ноември во Бугарија, за земјава евентуално да може да добие датум од ЕУ за старт на пристапните преговори на самитот во декември.

Ако падне владата на Заев, ќе пропаднат сите надежи за датум за време на словенечкото претседателство, рече Османи на ТВ Алсат.

„Никој не може да биде сигурен дека ќе има решение во декември, но оти нема да има решение ако се дестабилизира владата, без сигурна алтернатива, тоа е сигурно. Имаме прозорец на можности во декември. Сметаме дека има сигнали и предуслови дека тогаш можеме да најдеме решение за одржување на првата меѓувладина средба и треба да го искористиме овој момент,“ рече шефот на македонската дипломатија.

И ако падне Владата и продолжи да работи заедничката комисија за историја, потребни се политички договори меѓу земјите. Главното барање на партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов, која повторно е фаворит за формирање влада во Софија, беше вклучување на Бугарите во Уставот на С. Македонија. Но, за тоа е потребно двотретинско мнозинство во Собранието. Владата се надева барем на принципиелен договор што ќе го отвори европскиот пат на државава, повтори Османи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Австриската војска обучи две кучиња да намирисаат коронавирус

Следно

Пипен удри по Летечкиот Мајкл: Џордан со „Последниот танц“ сакаше да покаже дека е поголем од животот и е подобар од Леброн Џејмс 

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian