Владата на денешната седница врз основа на Извештајот на Работната група за изнаоѓање начин за регулирање на јазично покривање на македонски и албански јазик на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Македонија, им препорача на сите радиодифузери кои реемитуваат спортски содржини на територијата на Македонија, најдоцна до 31 декември да започнат да ги имплементираат одредбите од Конвенцијата на ЕУ за прекугранична телевизија.
Ова значи дека спортските канали кои се најзастапени кај македонските кабелски оператори, тоа се српските Арена Спорт и Спортклуб ќе мора сите преноси да бидат со македонски и албански коментар.