Ништо од Ангеловски, нов тренер на Хајдук е Литванецот Дамбраускас

1 min read

Валдас Дамбраускас е нов тренер на Хајдук Сплит, потврди хрватскиот тим кој откри дека е потпишан тригодишен договор.

Литванецот доаѓа на местото на отпуштениот Јенс Густафсон, а во игра за тренерското столче во Хајдук беше и поранешниот селектор на македонската репрезентација Игор Ангеловски.

Дамбраускас има 14-годишно тренерско искуство и има работено како селектор на селекциите на Литванија до 17 и до 19 години, во Жалгирис, во Горица и во бугарскиот шампион Лудогорец од каде доби отказ пред неколку недели.

Интересно е што хрватскиот тим смени дури 24 тренери откако за последен пат ја освои шампионската титула во 2005 година.
Сезонава Хајдук се наоѓа на четвртото место на табелата со 21 освоен бод, шест помалку од помалку од Динамо Загреб, Риека и Осиек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HNK Hajduk Split (@hnkhajduk)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев направи голем чин, ама сметам дека не треба да се повлече, вели валандовскиот градоначалник Костадинов

Следно

Почина 16-годишно девојче од ковид во Црна Гора

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian