Најголемите скопски општини добија градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

1 min read

Вчера, ден по вториот круг од Локалните избори 2021, се сумираа изборните резултати.

Заклучно со вториот круг, градоначалници добија сите македонски општини и Градот Скопје. 

Во првиот круг кој се одржа на 17. октомври беа избрани 34 градоначалници, додека во вториот 43 градоначалници плус градоначалник на Град Скопје.

Според првичните официјални информации од ДИК повеќе градоначалнички мандати има освоено ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ наспроти Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ.

Во најголемите скопски оштини градоначалничките мандат „ги собра“ ВМРО-ДПМНЕ.

Тимчо Муцунски за Аеродром, Бобан Стефковски за Гази Баба, Дарко Костовски за Бутел, Александар Стојковски за Ѓорче Петров, Орце Ѓеоргиевски за Кисела Вода, Александар Ѓоргиевски за Илинден беа избрани за градоначалници уште во првиот круг.

Стевчо Јакимовски од ГРОМ е избран за градоначалник за Карпош во вториот круг.

Исклучок е Општина Центар каде во вториот круг за градоначалник беше избран Горан Герасимовски од СДСМ.

Во Шуто Оризари од градоначалничкото столче следните четири години ќе работи Курто Дудуш кој освои втор мандат, овој пат со коалицијата ДОМ/ЛДП.

Градот Скопје ќе го води независната Данела Арсовска која е поддржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 2 ноември: Важно е да сте независни во сè што правите.

Следно

Зошто сè повеќе вакцинирани се заразуваат со ковид?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian