МЕТЕО на УБ| Денеска дожд, од утре посуво и потопло

1 min read

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено во текот на претпладнево, вели Славчо Попоски за Утрински брифинг.

Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот на некои места повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето денес ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во текот на претпладнево, додека попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 15 степени.

Потоа во следните денови ќе имаме променливо облачно и релативно суво време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите и тоа поради јужното воздушно струење ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ, и истите ќе бидат НАТПРОСЕЧНИ за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На денешен ден – 2 ноември

Следно

ВИДЕО: Аларм во редовите на Денвер нагетс, Јокиќ 20 минути без поени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian