Касами: Заев не ни кажа дека ќе поднесе оставка, Владата има легитимитет и треба да продолжи

2 mins read

Лидерот на Беса и новоизбран градоначалник на Тетово, Биљал Касами, во вечерашното гостување на ТВ21 рече дека Владата има мандат и треба да продолжи, за да го исполни клучниот приоритет – интеграција во Европската Унија. Тој вели дека премиерот во заминување Зоран Заев не се консултирал со коалициските партнери за поднесената оставка и оти деновиве ќе има средба со него, на која ќе му ја пренесе позицијата на Беса.

– Заев не се консултираше со партнерите во коалицијата пред да каже јавно дека ќе даде оставка. Ќе се сретнам со него и ќе разговараме, рече Касами.

Тој смета дека како претседатели на партиите во коалиција, пред што и да направат, треба да се консултираат меѓу себе.

– Забрзувањето на евроатлантскиот процес на државата е клучно. За нас е важно да продолжи Владата во тој правец. Не сум имал средба со Заев. Ќе се сретнам со него оваа недела. Ние имаме договор со Заев, кој е претседател на СДСМ. Ние добивме мандат од граѓаните на изборите во 2020 година и имаме обврска да го продолжиме мандатот, посочи Касами.

Тој вели дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен евроатлантскиот пат, но смета дека е потребна реконструкција на Владата.

– Треба да има промени. Не сме сигурни дали ќе гласаме за сите министри на ДУИ, рече Касами.

Лидерот на Беса вели дека со поддршла на САД, очекува да се зајакне владејачкото мнозинство во Собранието, со приклучување на пратеници од опозицијата.

„Мислам дека тоа ќе се случи. Имаме силна поддршка од Вашингтон“, посочи Касами.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ужасот продолжува: Талибанците објавија забрана за употреба на девизи во Авганистан

Следно

ВИДЕО: Роналдо го спаси Јунајтед од пораз, Фати и донесе победа на Барселона

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian