Каракачанов: Загрижени сме поради победата на ВМРО-ДПМНЕ и што ќе значи тоа за етничките Бугари

1 min read

Поранешниот вицепремиер на Бугарија, Красимир Каракачанов изјави дека е загрижен за правата на етничките Бугари во Македонија, по победата на ВМРО-ДМПНЕ на локалните избори, пренесува БГНЕС.

Според Каракачанов, прашањето за влез на Република Северна Македонија во ЕУ сега е многу комплицирано.

„Сè можеше да биде многу поедноставно доколку Заев и неговата влада се трудеа да ги исполнат условите предвидени во Договорот за добрососедство“, констатира бугарскиот политичар и додаде дека на тој начин веќе би биле во тек преговорите со ЕУ.

Каракачанов смета дека „правата на етничките Бугари во Македонија одговараат на нивото на Титова Југославија“.

„Се разбира, не можеме а да не бидеме загрижени за победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите. Тоа се оние кои зборуваа за потребата од раскинување на договорот, за обновувањето на натписите на спомениците кои ја карактеризираат нашата земја како фашистички окупатор и кои повикаа на општа дипломатска офанзива на ЕУ против Бугарија“, заклучи Каракачанов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Аларм во редовите на Денвер нагетс, Јокиќ 20 минути без поени

Следно

Дневен хороскоп за 2 ноември: Важно е да сте независни во сè што правите.

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian