Каде ќе се градат четирите нови градинки во Аеродром?

1 min read

Новоизбраниот градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски денеска изврши увид на реконструкција на веќепостоечка градинка од каде најави изградба на две нови градинки во текот на следната година.

-Ние ветивме во нашата програма 4 нови градинки во еден мандат и веќе од следната година сме подготвени да отпочнеме со постапка за две нови. Тоа е еден од клучните приоритети во нашата општина, бидејќи има недостаток на места, а тоа создава огромен проблем за родителите и семејствата и во таа насока веќе од првиот ден сме фокусирани на тоа што е најважно – решавање на проблемите на граѓаните и обезбедување на подобар живот на граѓаните, рече Муцунски.  

Предвидено е четирите нови градинки да бидат со капацитет за 800 дечиња, а ќе бидат лоцирани во следниве населени места: Острово, Лисиче, Мичурин и Долно Лисиче.

-Нашата визија е листата за чекање за прием во градинка да биде минато, вети Муцунски во предизборната програма. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО | Инспирација или копија, случајност или не: Дизајнерот Тјери Муглер со дизајн како нашиот Христијан Младеновски

Следно

Џонсон го поздрави договорот за прекин на сечењето на шуми

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Успехот во економијата на оваа криминална власт предводена од СДСМ и ДУИ е четвртото место за Македонија на ранг листа за мерење во Европа со 16% инфлација

Катастрофата во справувањето со економската криза на неспособната власт на СДСМ ја плаќаат граѓаните. За месец

MacedonianEnglishAlbanian