Герасимовски на кафе со противкандидатите: Заедно за подобар Центар

1 min read

Новоизбраниот градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, заедно со противкандидатите од двата круга, се обврзаа заеднички да работат за подобри услови во општината. 

-Ги поканив моите противкандидати на кафе и одлично си поминавме .Во кампањата имавме повеќе слични идеи и ова беше одлична можност да позборуваме за нив. Проектите кои се во интерес на граѓаните ќе ги прифатам и реализирам. Само заедно можеме да придонесеме за подобар и поубав Центар, напиша на Фејсбук, Герасимовски.

Слично постапи и градоначалникот на Аеродром, Муцунски, по победата во првиот круг. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Најмладиот син на Мајкл Џексон конечно се појави во јавноста, сите го паметат по бизарната сцена

Следно

Речиси 100 држави ќе го намалат метанот и ќе го забават затоплувањето за 0,3 степени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian