ФОТО | Порцелански кукли: Историја која е зачувана во Музеј на куклите во Москва, eдна од нив спасила и девојче во окупираниот Ленинград!

5 mins read

Во Музејот на порцелански кукли, од преку повеќе од 6000 порцелански, дрвени и крпени убавици од различни делови од светот, се наоѓа и една кукличка која му го спасила животот на едно девојче во текот на тешките и трагични месеци во опколениот тогашен Ленинград, во текот на Големата граѓанска војна.

Музејот на овие единствени кукли е основан од уметницата Јулија Вишњевска во 1996, која го поставила од својата лична колекција, пишуваат од „SrDanas“

Се работи за ретки антиквитети кои потекнуваат од крајот на 17 до почетокот на 20 век, од Германија, Франција, Англија, Русија, Јапонија. Тука спаѓаат и куќичките, предметите за куклите, како порцелански сервиси, железни пегли, кројачки машини „сингер“, мебел, шешири, чадори, торбички, како и сите мали нешта кои се дел од секојдневието од тоа време.

Порцеланска кукла
Порцеланска кукла/Музеј на порцелански кукли, Москва
Порцеланска кукла/Музеј на порцелански кукли, Москва

Сè започнало на улица

Првата кукла Јулија Вишњевска ја пронашла на улица.

„Едноставно не можев да поминам покрај неа и да не ја земам“- вели уметницата.

Играчката била во многу лоша состојба и потребно било да се реставрира. Од тој миг понатаму, Јулија се посветила на ова ново хоби – собирање и обновување на старински кукли. По неколку години, порцелански, дрвени, оловни и многу други убавици ги наполниле нејзините ормари и полиците во домот.

„Јулија Вишњевска е еден од основачите на професионалното собирање кукли антиквитети во Русија. Овој музеј е прв од ваков тип во нашата земја. Од една страна, тоа ја прави неговата поставка неверојатно драгоцена и привлечна, а од друга страна, претставува голема одговорност за музејот. Чување и зголемување на колекцијата е задачата на секој музеј, па и нашиот – вели директорката на Музејот, Људмила Морозова.

Најпознат експонат – ѕвезда од телевизиските екрани

Многу посетители на Музејот на уникатните кукли доаѓаат за да ја видат  познатата Суок, кукла од советскиот игран филм на Алексеј Баталов и Јосиф Шапиро, „Три дебелки“ од 1966. Сега е девојченце со убава розов фустан и панделка на главата и главен украс на поставката, а овој ноември ќе наполни 55 години.

Суок механичка кукла
Суок кукла/Printscreen

Кукли за игра, обредни, сакрални и модни кукли

Куклите се важен дел од историјата на човештвото и дел од човечкиот живот. Користени се за заштита, украс, симбол на луксуз, но и за разни други цели. Една од најстарите експонати во музејот е дрвената фигурина на бебе Исус, која е изработена пред 350 години.

„Оваа фигура е најпопуларна помеѓу религиозните, сакрални кукли. Исус е направен од малечко парче дрво, прекриен со алабастер и боја. Тоа е навистина добро изработена кукла која барала огромно мајсторство и време за да изгледа така – вели Људмила Морозова.

Кога станува збор за кукли за играње, тие до 19тиот век не биле честа појава.

„Куклите за деца биле сметани за нешто што може лесно да ги разгали децата, па и не се употребувале за игра“.

Куклите како симбол на богатство

Куклите како играчки ретко кој можел да си ги дозволи. Во 19ти и почетокот на 20ти век, дури и поимотните семјества имале една кукла за неколку деца. Производителите пак се труделе да ги направат куклите достапни до сите.

„Алтернатива станале таканаречените „кукли за сиромашни“. Во производството на куклите се штедело на многу нешта. Главата ја полнеле со композитен материјал, покриен со тенок слој восок. Рацете биле правени од дрво и почнувале од лактите. Ткаенините биле слични на газа, а со годините станувале подебели и поиздржливи – објаснува Морозова.


Овие кукли поради начинот на изработка се уште подрагоцени од порцеланските. Но овие играчки ретко издржувале под забот на времето, но во Музејот за чудо има и такви експонати.

Куклата која го спаси девојчето во опколениот Ленинград

Меѓу експонатите има уште еден интересен предмет – порцеланска кукла која „спасила“ девојче во окупираниот Ленинград за време на војната.

„Често децата во време на евакуација ги носеле со себе омилени кукли како спомен на домот, и добрите безгрижни времиња. Куклата била спас за детето, кое играјќи со неа заборавало на глад, жед и студ, како и тоа дека е само неколку дена“ – раскажува Морозова.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нов земјотрес го стресе грчкиот остров Крит

Следно

Фејсбук го укинува системот за препознавање лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian