ФОТО | Инспирација или копија, случајност или не: Дизајнерот Тјери Муглер со дизајн како нашиот Христијан Младеновски

2 mins read

Случките да се поклопува инспирацијата на локалната и на светската сцена не е новина, но е пријатно да се види како инспирацијата на младиот македонски дизајнер Христијан Младеновски се преклопи со онаа на легендарниот Тјери Муглер, според нивните последни колекции.

Оваа 2021 година беше шокантна со дизајнерските трендови онолку колку што беше лесно прифатлива како трендови за консумерското око. Па додека Ким Кардашијан и Баленсијага си поиграа на Мет Гала со костумот кој исцело и еднотонски ја прекри инфлуенсерската дива, тој изглед на спарен фустан и хулахопки во иста боја и дезен за македонската модна публика (барем за онаа позапознаената) не беше воопшто нов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @xmladenovski

Македонскиот дизајнер Христијан Младеновски е релативно млад на македонската модна сцена. Допрва го очекува дипломирање и официјализирање на модната диплома, но овој исклучителен дизајнерски лик непрестано изненадува со парчиња, целосно склопени аутфити, фотосесии, или пак колекции кои се неверојатно паралелни (или се предвесник) на оние од светската модна сцена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @xmladenovski

Во неговата последна колекција „Honey“, објавена во март годинава, тој изнесе неколку изгледи вредни за забележување, инспирирани од периодот арт деко, а меѓу нив испромовира и забележителен изглед кој сега служи за паралела помеѓу неговата инспирација, светските трендови, и конкретен модел на реномираниот „Тјери Муглер“.

христијан младеновски тјери муглер
Фото: Приватна Архива

Оние кои се запознаени со името на светскиот моден дизајнер Муглер знаат колку специфичен и интензивен е неговиот дизајнерски израз, особено како асоцијација на иконичните модели износени од познати личности како Ким Кардашијан, Ирина Шајик, Наоми, или по оние аутфити кои се појавуваат во музичкиот спот на Џорџ Мајкл.

Последната колекција на Тјери Муглер беше претставена на 28 октомври, а меѓу нив се најде и аутфит кој неверојатно многу потсетуваше на оној на нашиот Младеновски – дали е ова случајно или не?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @xmladenovski

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ од Глазгов: Никој не сака рудници за литиум, а сакаат електрични автомобили

Следно

Каде ќе се градат четирите нови градинки во Аеродром?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian