Џесика Симпсон трезна и освестена: Се мразев себеси

5 mins read

Се сеќавате на младешката ѕвезда која на почетокот на 2000-тите не знаеше дали „туната е пилешко или риба“? Онаа русокоса пејачка со реално шоу во кое настапуваше со нејзиниот згоден но подеднакво „смотан“ сопруг? Оваа славна девојка, која постојано беше исмевана од јавноста за нејзината „глупавост“, објави искрена објава која се однесува на нејзината борба со депресија, зависности, и пред сè, себеси.

Сите кои се сеќаваат на Џесика Симпсон, можеби пред сè заради нејзините појавувања во јавноста и реално шоу, повеќе од всушност нејзините песни и настапи, знаат дека таа се повлече во депресивен тон од јавноста која сè уште ја памети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson)

Но, пејачката симбол на 2000-те, успеа храбро да објави фотографија на себе, проследена со низа статуси, кои ја разоткриваат вистината зад нејзиното секојдневно функционирање и конечното лично соочување со своите „демони“.

„Оваа личност рано наутро на 1 ноември, 2017 година, е многу непрепознатлива верзија од мене. Имав многу лично разоткривање кое требаше да го отклучам и да го истражам“, изјави Џесика зборувајќи за себеси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson)

Џесика Симпсон продолжи да раскажува во коментари на личната објава, зборувајќи токму за соочувањето и справувањето со моментот на промена кој требаше да го направи.

„Во овој конкретен момент знаев дека ќе си дозволам себеси да си го повлечам светлото, да ја покажам победата над мојата внатрешна борба за самопочит, и да го охрабрам овој свет со убодна јавност“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson)

Џесика се отвори за нејзината борба со зависноста, но во форма на „зачаран“ круг од кој индивидувата мора лично да се изнесе и отфати друга и нова насока.

„Лично, да го направам ова ми требаше да престанам со пиење на алкохол затоа што ми ги држеше умот и срцето кои кружат во иста насока и доста искрено бев истоштена. Сакав да ја почувствувам болката за да можам да носам како почесен беџ“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson)

„Сакав да живеам како што живее лидер и прави кругови на пауза за да продолжи напред – никогаш не гледајќи назад со каење и покајувње за било кој избор кој го имам направено и ќе го направам во остатокот на мојот живот тука на овој прекрасен свет“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson)

Додека времето непрестано тече и само нè потсетува на минливоста на нештата, Симпсон го користи неговиот ефект за да потенцира колку е всушност потребно време за човек да се врати во колосек.

„Не можам да поверувам дека поминаа 4 години! Се чувствувам како да се можеби 2. Мислам дека е добра работа. Ха. Има толку стигма околу зборот алкохолизам или етикирањето на алкохоличар. Вистинската работа која треба да се направи беше всушност да се прифати падот, болката, скршеноста, и личната саботажа“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson)

Всушност најважното е да се открие суштината на проблемот за да може човек да се справи со тоа. И во тој тон, се чини дека Џесика го пронашла својот.

„Пиењето не беше проблемот. Јас бев. Јас не се сакав себеди. Не ја почитував мојата лична моќ. Денес ја почитувам. Се смирив со стравовите и ги прифатив деловите од мојот живот кои се едноставно тажни. Ја држам мојата лична моќ во мои раце со душевна храброст. Јас сум диво искрена и коммфорно отворена“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson)

За крајот на оваа неверојатно искрена објава Џесика Симпсон заклучи:

„Јас сум слободна“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Словенците ја чекаат одлуката за нови мерки, можни се две сценарија

Следно

12 депонии во Бутел ќе бидат средени за една недела, порача новиот градоначалник Костовски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian