Експлозија на гасовод наменет за Србија во Бугарија, Белград очекува продолжување на испораката на гориво

1 min read

Претседателот на бугарската општина Ветрино, Дмитар Димитров, каде вчера се случила експлозија на делот од гасоводот преку кој Србија добива гориво, најави дека сите надлежни служби се на лице место и дека се санираат штетите, пренесува „Варна 24“.

„Колку што знам пукна една цевка. Експлозијата беше доста сериозна, но најважно е што немаше жртви“ – го цитира „Варна 24“ Дмитров.

Најавено е дека надлежните органи во моментов го завршуваат увидот на локацијата каде што се случи експлозијата, по што операторот „Булгартрансгас“ веднаш ќе започне со ремонт. Во моментов на лице место има две бригади со сета потребна опрема и чекаат дозвола за почеток на работа.

Потоа повторно ќе биде воспоставена испораката на гас за Србија, пренесува Србијаданас.

Во 3.15 часот синоќа автоматски бил прекинат преносот на природен гас за Романија, а во 7 часот биле прекинати испораките во правец Србија – Унгарија. По 8 часа делумно е обновен преносот кон Романија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бертомеу после 22 години си заминува од Евролигата

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Најмладиот син на Мајкл Џексон конечно се појави во јавноста, сите го паметат по бизарната сцена

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian