Доктор Балевски: Никој за жива глава не сака да биде педијатар

2 mins read

Началничката на педијатриското одделение во охридската болница и уште една нејзина колешка поради болест престанале да одат на работа со што оваа здравствена установа се соочува со огромен дефицит од педијатри. Директорот на болницата, доктор Горан Балевски за „Слободен печат“ тврди дека проблемот е национален, бидејќи никој ни за жива глава не сака да биде педијатар. Недостатокот на лекари за деца во болницата сега ќе се санира со ротации кои ќе се одвиваат на релација Охрид-Струга, но недостиг на специјалисти во оваа област има и во Кичево, Битола, како и во други градови во земјата, тврди директорот.

-Проблемот е на ниво на цела држава. Никаде нема педијатри. Немаме ниту доктори да ги пуштиме на специјализација, само едно девојче се пријави. Зошто е тоа така? Најверојатно зашто педијатријата е исклучително одговорна работа, особено во болниците во внатрешноста се случува докторот да дежура сам. Понатаму, детето не може да ти каже што му е, треба да си добар дијагностичар и лекар и самиот да процениш за каква дијагноза се работи, што претставува огромна одговорност. Ова ќе биде голем проблем. Имавме конкурс и ги молевме, но никој не сакаше да оди да специјализира педијатрија, само едно девојче отиде. И во Струга ќе има проблем, ни рече доктор Балевски.

Во меѓувреме, болницата во Охрид ќе продолжи да работи во две смени, но само со двајца доктори педијатри. После 20 часот навечер, сите млади пациенти кои ќе побараат преглед или ќе дојдат како итни пациенти, ќе бидат препраќани во Струга на 14 километри од Охрид. Како реципроцитет, пак, пациенти на кои им е потребно нервно одделение ќе доаѓаат од Струга во Охрид, зашто во Струга нема нервно одделение. Потребата за прегледи кај децата не е мала во Охридскиот регион. Доктор Балески вели дека во летниот период имало и по 70 прегледи на ден.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сè повеќе Германци бараат ограничување на брзините на автопатите

Следно

Знаете ли колку обложувачите уплатија само за натпреварите од Лигата на шампионите?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian