Блатер и Платини обвинети за измама, се соочуваат со петгодишна затворска казна

1 min read

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер и поранешниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини, од страна на швајцарското обвинителство се обвинети за неколку казнени дела, вклучувајќи и „измама“ во случајот со сомнителна исплата поради поради која од 2015 година се суспендирани од сите тела во светската куќа на фудбалот.

Се очекува федералниот суд во Белинцона да го потврди обвинението и да одреди датум за започнување на судски процес поради двајцата фудбалски челници, кои исто така се обвинети и за „некоректно управување“, „злоупотреба на довербата“ и „фалсификување на вредни и доверливи документи“.

По шестгодишна истрага, Блатер и Платини се обвинети дека незаконски договориле исплата на два милиони швајцарски франци од страна на ФИФА во корист на Платини, пишува во соопштението на обвинителството.

Мишел Платини му беше советник на Сеп Блатер во периодот од 1998 до 2002 година за време на неговиот прв мандат како претседател на ФИФА и тоа за годишна плата од 300.000 швајцарски франци.

Но, во 2011 година, повеќе од осум години по завршување мандатот како советник на Блатер, бара два милиони швајцарски франци за својата улога како советник, а ФИФА му ја исплатила бараната сума.
За време на истрагата и Блатер и Платини тврдеа дека имале усен договор, годишната плата на поранешниот француски репрезентативец да изнесува милион швајцарски франци кои се исплатени подоцна.
И Блатер и Платини се соочуваат со затворска казна од пет години доколку бидат прогласени за виновни.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Светската организација ВВФ и Еко-свест реагираат на владиниот план за ски-центар на Јабланица

Следно

Нов земјотрес го стресе грчкиот остров Крит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian