Бебе старо 23 дена почина на клиниката за инфективни болести во Загреб

1 min read

Бебе старо само 23 дена почина во саботата на Клиниката за инфективни болести „Др. Фран Михаљевиќ“ во Загреб, јавија медиумите во Хрватска.

Трагичната вест ја објавија од Клиниката за инфективни болести „Др. Фран Михаљевиќ.

„Се утврдуваат сите околности на смртта, а по неопходната анализа на комплетната медицинска документација и евентуалните дополнителни процедури, јавноста ќе биде информирана за причините за смртта“, стои во краткото соопштение од Клиниката.

Како што неофицијално дознава порталот 24сата, детето било позитивно на КОВИД, но болницата ги истражува причините за смртта, пренесува Дневник.хр.

Во вторникот наутро на Клиниката починала и мајка која била приклучена на апарат за кислородна поддршка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Роналдо го спаси Јунајтед од пораз, Фати и донесе победа на Барселона

Следно

Од што ќе живеаат сега! Човекот за кого принцезата Мако се откажа од титулата, падна на правосудниот испит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian