15 убиени и 34 ранети во експлозии во Кабул

1 min read

Уште еден крвав напад се случи во Авганистан, при што 19 луѓе загинаа, а 34 се повредени во експлозии и пукање пред најголемата авганистанска воена болница во главниот град Кабул.

Според локалните медиуми, четворица од шесте напаѓачи се убиени, а другите двајца се уапсени.

„Бев на околу два метри од капијата на болницата кога одеднаш се слушна силна експлозија. Бевме погодени од бран, неколку минути подоцна нашите глави и лица беа извалкани со крв и парчиња месо. Кога влеговме во болницата, ситуацијата беше многу лоша. Талибанските чувари на болницата пукаа во воздух“, изјави д-р Шабир Ахмади од соседната детска болница Индира Ганди, по телефон за сервисот на Радио Слободна Европа во земјата, Радио Азади.

Фотографиите споделени од жителите покажуваат облак чад над местото на експлозијата, во близина на областа каде што се наоѓале амбасадите, во областа Вазир Акбар Кан.

Претходно, во Авганистан се случија напади во џамии во септември и октомври, при што имаше жртви и повредени. Зад овие напади стоеше организацијата Исламска држава. Талибанците при крајот на август ја презедоа контролата во Авганистан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Руски хакери упаднаа во софтвер на лондонска златарница, Бекамови, Опра Винфри и Том Хенкс се „мета“ на нападот

Следно

Таравари: Бандити од ДУИ ми упаднаа дома и се закануваа, немав каде да пријавам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian