Во Русија ќе се одржат тенковски воени вежби на ОДКБ

1 min read

 Земјите-членки на Организацијата договор за колективна безбедност (ОДКБ) ќе одржат воена вежба Неуништиво братство 2021 на територијата на Русија од 8 до 12 ноември.

 

– На полигонот на Тенковската командна школа на казанскиот Ред Жуков, здружените сили на ОДКБ ќе вежбаат подготовки и водење на мировни операции на колективните мировни сили на ОДКБ, се наведува во соопштението на руската армија.

Мировните сили на ОДКБ предводени од Москва ќе се фокусираат на подобрување на вештината на командните центри на колективните сили на ОДКБ во организиарање и спроведување на контрола. Вежбата има за цел да ја подобри кохезијата на единиците кои се дел од мировните сили на ОДКБ.

Постојани земји-членки на ОДБК се Белорусија, Ерменија, Казахстан, Киргистан, Русија и Таџикистан. Земји набљудувачи се Авганистан и Србија, а поранешни членки се Азербејџан, Грузија и Узбекистан

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дејан Митески на чело на Советот на Општина Аеродром

Следно

„Политикa“: Заев не доаѓа во Белград, Вучиќ во дилема дали да се одржи најавената средба за „Отворен Балкан“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian