Влада: Партиите од коалицијата го потврдија стабилното парламентарно мнозинство

1 min read

Премиерот Зоран Заев попладнево одржа средба со претставници на сите политички партии што го сочинуваат парламентарното мнозинство во Парламентот, кои ѝ изразија поддршка на Владата, соопшти владината прес-служба.

– Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот, се наведува во соопштението, во кое се додава дека на средбата биле сите партнери од парламентарното мнозинство.

Во соопштението се нагласува дека заеднички е констатирано дека на Северна Македонија и на граѓаните не им се потребни предвремени парламентарни избори и дека такви избори единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции.

– Коалициските партнери од парламентарното мнозинство се едногласни дека на Северна Македонија и е потребна Влада која испорачува резултати од интерес на граѓаните, посебно во време на пандемијата и енергетска криза, со јасен евроатлантски курс на дејствување, се додава во соопштението.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Три жртви во урнатата 21-катница во Лагос, уште десетици се затрупани

Следно

Златан е Златан: Освен Мбапе има уште неколку одлични млади играчи, тука е Халанд, но и Ибрахимовиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian