ВИДЕО: Убедлив пораз на Барди и Леванте во Ла Лига

1 min read

Екипата на Леванте чиј член е македонскиот репрезентативец Енис Барди е поразена на домашен терен од Гранада со 0:3 во последниот натпревар од 12. коло во Ла Лига.

Гранада победата ја најави на самиот почеток со голот на Херман Санчез во седмата минута, а до крајот на првиот дел погоди и Луис Суарез. Убедливиот триумф на Гранада го обезбеди Антонио Пуертас со голот во 69. минута.

Енис Барди беше дел од првиот тим на Леванте и одигра 72 минути по што беше заменет од Кантеро.

Леванте и по 12 коло остана на претпоследното место на табелата во Ла Лига со само шест освоени бодови, додека Гранада се искачи на 14 место со 11 бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стејт департмент: Ја следиме состојбата во Северна Македонија, соработката продолжува

Следно

Јанушев: Ги разбирам советниците во Штип, ама Преспанскиот договор за ВМРО-ДПМНЕ е завршена работа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian