ВИДЕО: Шампионот Милвоки влезе во серија порази, Џејмс Харден го стигна Лери Бирд

1 min read

Актуелниот НБА шампион, Милвоки бакс го доживеа третиот пораз по ред, овој пат подобар од „елените“ беше тимот на Јута џез која славеше со 107:05. Причина за серијата од три порази по ред на Милвоки е тоа што екипата има големи проблеми со повредите на Џру Холидеј, Донте ДиВичецо, Брук Лопез, а сега на листата се најде и Худ, додека Крис Мидлтон го пропушти натпреварот поради болест.

Донован Мичел со 28 поени беше најпрецизен кај Јута која ја забележа петтата победа во шестиот меч, а Мајк Конли уфрли 20 поени. Кај Милвоки, вообичаено прво име беше Јанис Адетокумпо со 25 постигнати поени.


ЛА Лејкерс дојде до четвртата победа сезонава откако со 95:85 го совлада Хјустон рокетс иако во еден момент водеше со дури 28 поени разлика.
Најдобар кај „езерцата“  беше Кармело Ентони со 23 постигнати, Расел Вестбрук постигна 20 поени, а имаше и осум скокови и девет асистенции.


Победата на Бруклин нетс (4:3) од 117:91 над Детроит пистонс помина во знакот на Џејмс Харден. Популарната брада дојде до 59. трипл-дабл во кариерата со 18 поени, 10 скокови и 12 асистенции и се израмни со легендарниот Лери Бирд.

Резултати:
Шарлот – Портланд 125:113
Милвоки – Јута 95:107
Бруклин – Детроит 117:91
ЛА Лејкерс – Хјустон 95:85

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Марковска: Имаше поткуп и заплашување, посебно интересно е од каде опозицијата извади толку пари

Следно

Реакции на Балканот по оставката на Заев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian