ВИДЕО | Меланија повторно згрозена од Доналд: Погледнете ја урнебесната реакција на Словенката

2 mins read

Поранешната прва дама на Америка, Меланија Трамп, повторно привлече големо внимание со својата реакција на однесувањето на нејзиниот сопруг Доналд Трамп додека гледаа еден бејзбол натпревар.

Меланија и Доналд Трамп се појавиле заедно на бејзбол натпревар од Светската серија, помеѓу Атланта Брејвс и Хјустон Астрос во Атланта, што го следеле од свечената ложа.

И додека Доналд воодушевено навивал и ги бодрел тимовите, Меланија не изгледала премногу воодушевена од тоа, а во „вистински“ момент била уловена од камерите на стадионот. На снимката јасно се гледа како Меланија кисело се насмевнува додека Трамп аплаудира и го крева палецот во воздух, а таа на тоа ја врти главата на другата страна и превртува со очите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Runion (@jason_runion)

„Ова треба да биде дефиниција за одвратност“, „Погледни го нејзиното лице“, „Ова видео е победник“, „Се прашувам зошто е мажена за тој кловн“, „Дури и на жената ѝ се лоши од него“, „Вистината излезе на виделина“, „Те разбираме Меланија“, „Тие навистина не ми изгледаат како сродни души“, „Доста ѝ е од сѐ“, се дел од коментарите кои се шират на социјалните мрежи.

Ова не е првпат однесувањето на Меланија во јавноста да предизвика гласини за состојбата на нивниот брак. Камерите веќе неколкупати ја снимија како го игнорира Доналд – кога сакаше да ја фати за рака на спортски настан во Њу Орлеанс, а истото се случи и при излегувањето од авионот кога се враќаа од едно од патувањата, додека еден од неговите обиди да ја фати за рака ги шокираше сите.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нуно Еспирито Санто повеќе не е тренер на Тотенхем

Следно

Кинотеката ја започна втората сезона од проектот „Филмска училница“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian